Оваа велосипедска патека во Белгија поминува низ езеро и луѓето буквално максимално ги доближува до природата. Патеката е долга 212 метри, а поминува низ езеро во Лимбург, Белгија.
Иако е необична и поминува среде вода, патеката е многу прометна и по неа поминуваат по околу 5.000 луѓе кога се најпрометни денови.
Овој спој на архитектурата и природата не само што инспирира на возење велосипед, туку го поддржува природниот резерват кој се наоѓа одоколу. Под патеката сега е направен и посебен канал за амфибии, низ кој слободно може да поминуваат жабите кои живеат во езерото.
Лимбург работи на обновување на велосиоедските патеки во должина од околу 2.000 км за да ги поттикне луѓето да почнат повеќе да возат велосипед и да го развие велосипедскиот туризам.
Додека земјата работи на своите планови да привлече повеќе луѓе да се возат на две тркала и ги намалува даноците на велосипедите за 15%, соседот на Белгија, Холандија, има најголема стапка на возење велосипед во светот.
Еден просечен Холанѓанец вози велосипед по 74 минути неделно. Речиси половина од основците во Холандија одат на училиште со велосипед што е многу голема разлика споредено со, на пример, 1% во Велика Британија. Едно истражување покажа дека возењето велосипед на Холанѓаните им овозможува да живеат просечно половина година повеќе од останатите Европејци. Освен тоа, велосипедизмот учествува со 5% во БДП.
This innovative Belgian cycle path runs through a lake
Using nature to attract new cyclists. 🔎 Learn more about cycling: https://wef.ch/2Per50I
Posted by World Economic Forum on Среда, 01 мај 2019