Овие фудбалски игралишта во Јужна Африка ја претвораат дождовната вода во вода за пиење за децата. Вештачките терени за фудбал ја собираат водата од дождот. Потоа високотехнолошки филтер ги отстранува штетните честички и ја испраќа водата со системот за филтрација поставен до игралиштето.
Секој терен за фудбал може да обезбеди доволно вода за 2.400 луѓе. Водата се користи и за одгледување на зњленчук за прехрана на персоналот во училиштата и за учениците. Наставниците во училиштата забележале дека откако ги користат игралиштата децата помалку се разболуваат и се поприсутни на часовите.
Милиони луѓе во Јужна Африка се погодени од сушата. Лани Кејптаун речиси снема вода целосно, откако претходните три години беше забележано најниско ниво на дождови. Сега поради климатските промени трипати е поголема веројатноста за појава на екстремна сушаа во овој регион.
Досега се поставени девет вештачки игралишта за фудбал низ целата земја, но истата технологија може да се постави во патишта, на покриви и во самата почва и така да овозможи филтрирање на поголеми површини. Недостигот е вода е проблем во многу делови од светот и неодложно се потребни вакви решенија.
These South African football pitches turns rain into drinking water for school children
Each pitch cleans 17 million litres a year. 📕 Read more: https://wef.ch/2V1aLTr
Posted by World Economic Forum on Петок, 03 мај 2019