Мобилната апликација „Challenger“ има една главна цел – да ги натера луѓето да ги остават своите автомобили дома и да ги мотивира да пешачат повеќе, да возат велосипед почесто, а за возврат да добијат награда, пишува Радио МОФ.

Апликацијата беше првопласираната македонска идеја која, со поддршката од АРНО, доби награда од Фондот за иновации и технолошки развој со ваучер за патување на промотивен настан во странство.

- Advertisement -

Има повеќе причини за креирање на оваа апликација, но идејата поради која првично е создадена оваа апликација потекнува од проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.

- Advertisement -

„Од секојдневните разговори со луѓето во Скопје, забележавме дека тие воопшто не се мотивирани да направат нешто во врска со загадувањето во нашиот град коешто, како што знаеме, постои веќе неколку години. Како обични граѓани тргнавме прво самите од себе и сакавме да направиме нешто кое ќе ги мотивира и другите луѓе од општеството“, вели Теодора Чижбаноска, дел од тимот кој ја создава оваа апликација.

Освен Теодора, во тимот се и: Олга РајчиќСтефан АлексиќФилип Андонов и Митко Орцев. Тие, како тим, сакаат да направат успешна приказна којашто ќе докаже дека секое одење со велосипед или пешки, заслужува да биде и ќе биде наградено.

- Advertisement -

Тоа всушност ни беше почетна точка – да му покажеме на општеството дека секој мал чекор што ќе го направат луѓето вреди и ќе биде признаено“, вели Теодора.

Апликацијата во соработка со локалните компании ќе го наградува секој испешачен/извоезен со велосипед километар на корисникот.

Апликацијата планираат да ја лансираат во септември. Граѓаните ќе можат да ја најдат на Play Store, а моментално тоа што можат да го направат луѓето е да ја остават својата меил адреса на challenger.mk за да бидат меѓу првите информирани кога ќе биде направено лансирањето.

„Пред сè, би сакале да започнеме во Скопје за да докажеме дека таква заедница може навистина да постои и да биде битен дел од самомотивирачката заедница во градот. Понатаму планираме оваа апликација да биде посамостојна и во другите градови од нашата земја, со тоа што локалните бизниси од другите градови ќе можат сами да објавуваат понуди во нашата продавница. Кога тоа ќе ни успее, би сакале да одиме и надвор од Македонија.“ – надежно раскажува Теодора.

„ Секој километар е важен, а колку повеќе собрани километри, толку повеќе награди за корисниците.“ е мотото според кое се води тимот кој стои зад апликацијата и се надева дека барем малку ќе помогне да се реши проблемот со загадувањето на воздухот.

(Извор- Радио МОФ)