Старт-ап компанија од Холандија – Lightyear го претстави својот прв прототип модел наречен One, што се смета за првиот автомобил кој како напојување ја користи сончевата енергија, притоа обезбедувајќи навистина голем радиус во возењето.
Соларни панели се протегаат на површина од пет (5) квадратни метри и се покриени со сигурносно стакло, кое, наводно, е доволно силно да го издржи движењето на просечна возрасeн човек преку него , без вдлабнатини или нарушуавање на структурата.
Додека количината на електрична енергија што се генерира од панелите ќе се разликува, Lightyear вели дека моделот треба да биде во можност да создаде дополнителни 50 до 70 km во секој ден во текот на летото во Холандија.
Во текот на една година, компанијата вели дека автомобилот може да генерира околу 700 kWhелектрична енергија, а нема дополнителни детали за моторите, освен дека One е опремен со четири електрични мотори поставени кај тркалата и релативно мала батерија.
Таквата конфигурација треба да му обезбеди радиус на возење без запирање за дополнување од 725km во согласност со WLTP, но бидејќи возачите не можат секогаш да сметаат на сонцето, One исто така е опремен и со традиционалните приклучоци за полнење.
Од Lightyear велат дека сопствениците ќе можат да обезбедат автономија во возење до 400 km со полнење на возилото преку ноќ со обичен приклучок од 230V.
Дел од причината за импресивната автономија без запирање за дополнување со енергија е и екстремно аеродинамичната форма на One, иако во Компанијата сé уште работи на финализирање на дизајнот, но сегашниот коефициент на влечење е проценет на 0,20, а тоа е постигнато преку аеродинамичните тркала, дигиталните странични ретровизори и полу – блокирани отвори на задните тркала.
Автомобилот е се уште прототип, компанијата планира да започне со производствен модел во 2021 година, а првите 100 возила веќе се резервирани, но се уште има 400 отворени места за резервации, по цена од 119.000 евра по примерок!