Ericsson направи технологија која ги спречува кражбите на паметни телефони

- Advertisement -

Сите познаваме најмалку еден човек кому му исчезнал телефонот без трага. Но, ако биде успешен патентот на шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ericsson, во иднина би се ставил крај на кражбите на телефони, во краткиот период додека некој се обидува да го извади телефонот од нечија чанта или од нечиј џеб.

Имплементирана технологија би ја препознавала личноста која го држи телефонот според отчукувањето на срцето, а ако препознае дека станува збор за непозната личност, системот со ултразвучни вибрации би го направил телефонот „лизгав“ и теоретски, би оневозможил крадецот да го земе туѓиот телефон од џеб или од чанта.

- Advertisement -

Системот се состои од сензорни модули, модули задолжени за процесирање на добиените информации, тактилен модул и комуникациски модул. Теоретски, ако крадецот е навистина брз, таа технологија не би била од големо значење и веројатно нема спас за вашиот мобилен телефон.

Сподели!
- Advertisement -