Израелската компанија Aeronautics објави денеска дека потпишала договор вреден осум милиони долари за продажба на нејзиниот напреден дрон Orbiter 3 во една неименувана земја.
Како дел од договорот, како што навела компанијата, е и специјалниот авион за трнспорт на дронови како и техничка поддршка и одржување на дронови.
Тактичкиот дрон Orbiter 3 UAV е компактен лесен систем, со опсег од околу 150 километри.
Дронот може да остане во воздух до седум часа, а неговата цел е собирање на разузнавачките информации и следење, се наведува во соопштението на Aeronautics.
Дронот претставува целосно автономен систем кој може да се преклопи за неколку минути и кој се лансира со помош на катапулти, додека за слетување користи падобран и воздушни перничиња, се вели во соопштението на компанијата.
Jerusalem Post наведува, повикувајќи се на странски медиуми, дека Израел е водечки извозник на беспилотни летала.