Шведска ја откажа Модната недела во Стокхолм поради штетата врз животната средина

- Advertisement -

Советот за мода на Шведска одлучи да ја откаже Модната недела во Стокхолм поради загриженост за влијанието врз животната средина која го следи овој двогодишен настан.

Модната недела требаше да се случи во деновите од 27-ми до 29-ти август, но настанот нема да се одржи во предвидениот формат, додека во меѓувреме ќе се размисли за поинаков формат.

Главната причина за откажување на Модната недела е штетата врз природата која ја прави модната индустрија, која според шведските власти не е одржлива. Од 100 милијарди парчиња облека која секоја година се произведуваат на светско ниво, само нешто под 1% се рециклира. Статистиките како оваа, комбинирани со дигиталната ера и подобрените методи за производство на облека придонесуваат кон повиците за промени во традиционалните формати во кои се одржуваат модните недели.

- Advertisement -

Шведска е светски позната по своите еколошки политики во сферите како рециклирање, авијација, зелени технологии, консумацијата на органска храна и обновливи извори на енергија. Стокхолм воедно е и родниот град на најпрепознатливата активистка против климатските промени, Грета Тунберг.

Извор – Радио МОФ

- Advertisement -

Фото – Fashion Week Stockholm

 

Сподели!
- Advertisement -