Одложена е примената на новиот Закон за акцизи. Наместо од 15 јули, новите акцизни правила ќе важат од први ноември.
Одложувањето, преку закон за изменување и дополнување на Законот за акцизи, предложен од шест пратеници, поминало во Собрание минатата недела. Според образложението, одложувањето е на барање на бизнис-заедницата „за да се овозможи подолго време за нивно усогласување со одредбите од Законот за акцизите, како и со функционирањето на EMCS-системот со кој ќе управува Царинската управа“.
На крајот на мај, производители на домашна ракија од Тиквешијата на средба со претставници на Царината, како изготвувачи на законот, побараа што е можно подолго да се одложи плаќањето на акцизата за домашно произведена ракија.
Новиот закон е изготвен заради усогласување со акцизното законодавство на ЕУ.