Компанијата Жито Лукс во семејството специјални лебови го додаде новиот интегрален леб, со просо и црно семе и просо кој е дополнително збогатен со железо. Една од главните причини поради која компанијата одлучи да го произведува овој леб е грижата за потрошувачите и можноста со своите производи коишто секојдневно се консумираат, да влијае на подобрувањето на здравјето на луѓето.
Добро е познато дека од сите минерали железото е најмалку застапено во нашата исхрана а е одговорно за повеќе витални функции во организмот. Како составен дел од хемоглобинот во црвените крвни зрнца, железото го пренесува кислородот од белите дробови до сите ткива во организмот. Црното семе во својот состав содржи железо, но лебот е дополнително збогатен со овој минерал со цел да им овозможи на сите кои се сочуваат со недостаток на железо да уживаат во вкусен и здрав оброк. Новиот интегрален леб со просо и црно семе содржи големо количество железо, односно 2 парчиња содржат 20% железо од препорачаниот референтен дневен внес.
Жито Лукс е компанија – лидер во производството на леб и брашно во земјава. Со традиција постара од седум децении, континуирано ги следи светските трендови и иновации од областа на здравата храна. Со новиот интегрален леб со просо и црно семе се прошири портфолиото на производи и изборот за оние кои се хранат здраво и внимаваат на состојките што ги внесуваат.