„Нисан“ отпушта 10.000 работници, бележи пад на добивката

- Advertisement -

Јапонскиот произведувач на автомобили „Нисан мотор“ планира да згасне повеќе од 10.000 работни места на глобално ниво. Има околу 140.000 вработени ширум светот.

Ова дополнително намалување на работните места, кои вклучуваат и опција за предвремено пензионирање, даоаѓа откако компанијата во мај најави дека ќе згасне 4.800 работни места ширум светот, наведува агенцијата Кјодо повикувајќи се на извори од фирмата.

Според јапонската новинска агенција, овој произведувач на автомобили би требало да ги објави резултатите од работењето за вториот квартал. За тековната фискална година, Нисан има предвидено пад на профитот од скоро 28 отсто.

- Advertisement -

Нисан извести дека неодамна забележал годишен пад на добивката од работењето од 44,6 отсто во 12 месеци, заклучно со март 2019 година. За тоа се виновни неповолното бизнис опкружување со оглед дека продажбата на автомобилите во САД е значително намалена.

Нисан е во бизнис сојуз со францускиот произведувач на автомобили „Рено“ кој во јапонската компанијата поседува околу 43 отсто од акциите.

Сподели!
- Advertisement -