Виена има најдобра стратегија за развој во паметен град

- Advertisement -

Се повеќе мали градови се стремат да станат паметни, а најголема просечна оценка за тоа имаат азиските градови. После нив следуваат градовите во Северна Америка и Европа. Смарт сити решенијата денес се истакнуваат како најдобар одговор на најголем дел од урбаните предизвици. Меѓутоа, без стратешко пристап кон интеграцијата, координацијата и организацијата на тие паметни решенија, паметните градови никогаш нема да го достигнат својот потенцијал.

Поради тоа глобалната консултантска куќа Roland Berger, со седиште во Минхен, го разви индексот Smart Cities Strategies Index, кој ја мери сеопфатноста и амбицијата на урбаните центри во однос на клучните аспекти од паметните градови. Првата верзија на SCSI беше објавена во 2017 година и ги анализираше плановите на 87 градови. Како што напредува развојот на концептот за паметни градови се зголемува бројот на градови опфатени со индексот и годинава од Roland Berger се одлучија за нова верзија на SCSI во која се опфатени повеќе од 250 градови.

- Advertisement -

Од  нив 98 или 39% имаат помалку од 500.000 жители, што ја потврдува тезата дека помалите градови сакаат да станат паметни. Врз база на посебно развиена технологија, која опфаќа 12 критериуми и 31 поткритериум, избрани се 153 градови кои имаат развиена стратегија за паметен развој. Најмногу од нив, 41% се во Европа, а потоа следуваат Азија и Северна Америка со по 27%, односно 24%.

Само 10% или 15 градови освоија 60 или повеќе бодови од можни 100, што беше одредено како критериум дека градот има развиена стратегија за паметен развој. Просечната оценка на сите градови изнесува 41 бодови, а 40% од градовите имаат од 40 до 60 бодови. Тоа значи дека 50% од оценетите градови имаат помалку од 40 бодови.

- Advertisement -

Најдобар резултат, 74 бода, има Виена, а потоа следуваат Лондон и канадскиот град Сент Алберт. Меѓу најдобрите 15 доминираат азиските градови, меѓу кои има најмногу од Кина. Азиските градови имаат највисока просечна оценка – 48,2, за разлика од Северна Америка – 41,8  и Европа – 37.

Сподели!
- Advertisement -