Fujifilm навлегува на пазарот за надзорни камери со својот најнов модел SX800, надзорна камера со голем досег и 40x оптички зум кој има за цел да обезбеди поголема безбедност на границите и во големи комерцијални објекти. Има вградена леќа со 35 мм фокална должина од 20mm до 800mm и дополнителен дигитален зум од 1.25x. Според Fujifilm, оваа комбинација на SX800 и овозможува фокална должина од 1000 mm, што е доволно за да се фокусира на регистарски таблички на оддалеченост од 1 км.
Има повеќе камери со поголем зум од оваа, но разликата е во тоа што Fujifilm ја опремил оваа камера со други опции кои ќе го направат снимањето на екстремни растојание покорисно. Камерата има брз автофокус кој може да се менува за 0,3 секунди, стабилизација на оптичка слика и мотор за процесирање на слика кој ги намалува ефектите на маглата и на огромната топлина.
За да добиете претстава на колкаво растојание снима оваа камера Fujifilm објави промотивно видео на кое се гледа дека камерата може да прочита знак на растојание од 2,2 км, а друго промотивно видео покажува дека може да распознае регистарски таблички на растојание од 1 км. Fujifilm SX800 може да се купи почнувајќи од 26 јули по цена која уште е непозната.