Хрватскиот џин е прогласен за најдобар во светот

- Advertisement -

Хрватскиот џин на пилотите Хрвоја Бушиќ и Томислав Анадолец освои златен медал на Светскиот натрпевар за вина и дестилати (IWSC) во Лондон.

Судиите на годинашниот натпревар го прогласија Old Pilot’s Gin за најдобар на светот во категоријата London Dry, а на Хрвоја Буѓиќ и на Томислав Анадолец им доделија трофеј за категоријата London Dry за 2019 година, што е прва таква награда за бренд од Хрватска.

- Advertisement -

„Хрватските билки, домашниот рецепт на кој работевме две години, најновата технологија која ја научивме од Холандија, соработката со билкари… сето тоа на крај резултираше со ваков плод и ништо не е препуштено на случајот“, изјави Бушиќ.

Бушиќ и Анадолев се пилоти и стари пријатели кого страста кон летањето и кон квалитетните пијалаци ги инспирирала да отворат хрватска микро дестилерија, која ја нарекле Duh u boci. Дестилеријата нема голем капацитет, па затоа и целиот процес може да се нарече рачна работа.

- Advertisement -

Old Pilot’s Gin е направен исклучиво од природни, хрватски билки и плодови како што се боровинките од Лика, портокалите од Корчула, лавандата од Хвар, жалфијата од Велебит и листовите од маслинки од Биоков, користејќи го уникатниот рецепт за џин во светот кој „настанал на небото“.

IWSC потои веќе 50 години, а судиите на натпреварот доаѓаат од повеќе од 90 земји од светот. Победниците на IWSC во текот на цела една година до наредниот натпревар се изложуваат на меѓународни саеми и се претставуваат пред бројни професионалци на годишна наградна гала, која во светот на дестилатите е позната како Оскар во индустријата за алкохолни пијалаци.

Сподели!
- Advertisement -