Научници го развија првиот ембрион на човек-мајмун

- Advertisement -

Научници успешно го создадоа првиот ембрион на човек-мајмун, со што зачекорија по патот кон користење на животните за трансплантација на човечки органи. Овој експеримент беше спроведен во Кина за да се избегнат правните проблеми. истражувачи од Универзитетот Салк од САД и од Католичкиот универзитет Мурсија од Шпанија модифицираа мајмунски ембрион за да гидеактивираат специфичните гени кои се користат во создавањето органи.

Потоа групата научници вбригала матични клетки во ембрионот од мајмун. Доколку го оставеле, ембрионот би израснал во мајмун со човечки клетки. Меѓутоа, во согласност со етичките стандарди, научниците го стопирале процесот многу порано пред ембрионот да може да го развие централниот нервен систем. Сепак, тимот морал да отпатува за Кина за да ја спорведе постапката затоа што инаку би била во спротивност на шпанските закони.

- Advertisement -

Како што изјавија научниците, резултатите се ветувачки. Тие наведуваат дека експериментот бил неопходен како прв чекор кон развојот на човечки органи кај животните кои би можелке да се користат за трансплантација. Тимот од научници спровел сличен експњеримент и во 2017 година користејќи човечки клетки и клетки од свиња, но тогаш не успеал да ги задржат човечките клетки во ембрионот на свињата.

Кина последните години стана рај за експерименти со гени. Кинески истражувач во ноември минатата година објави дека со својот тим го уредил генот CCR5 кај двајца близнаци со цел да станат имуни на ХИВ. Во неодамнешен експеримент кинески и американски истражувачи здружено модифицираа гени кај 11 мајмуни, давајќи им можност да развијат човечки мозок.

Сподели!
- Advertisement -