Научниците сакаат да го спречат топењето на ледот со помош на подморници!

- Advertisement -

Климатските промени непречено го менуваат изгледот на Земјата и условите за живот на неа. Една од најочигледните последици е топењето на ледот на половите и потоплите лета. Но, топењето на ледот не влијае само на зголемувањето на нивото на морињата и океаните, туку и сериозно го загрозува животинскиот и растителниот свет.

Затоа, индонезиски научници осмислија необичен план за да се спречи топењето на ледот на Арктикот. Имено, тие предложија изградба на посебни подморници кои ќе функционираат како големи преносни машини за лед. Тие би биле позиционирани на Северниот и на Јужниот пол и би содавале големи блокови лед кои би се поврзувале со санти и така би го надоместувале она што ќе се стопи поради климатските промени.

- Advertisement -

Но, научниците баш и не се сигурни дека ова решение би можело да функционира. Некои од нив сметаат дека оваа идеја е многу интересна, но долгорочно нема да го реши проблемот. Всушност, би можела да ја влоши целата ситуација ако овие подморници користат фосилни горива.

Сподели!
- Advertisement -