Биопластика од манго и морски алги

- Advertisement -

Во потрага по одржливи алтернативи за пластиката 23-годишен стажант на Институтот за биолошка хемија на Academia Sinica во Тајван пронашол нов биоразградлив материјал. Денксибел Монтинола, по потекло од Филипините, направил биопластика користејќи биополимери познати како пектин и карагенан, кои потекнуваат од алгите и од кората на мангото.

Причината поради која Монтинола користел манго и морска трева делумно е бидејќи ги имал во изобилство. Имено, мангото и морските алги се два од топ 10 најизвезувани производи од Филипините, па во иднина оваа биопластика би можела да стане еден од најголемите придонеси на Филипините за светот.

- Advertisement -

Пластиката на Монтинола не само што е одржлива, туку е подобра од пластиката која ја користиме сега. Целосно може да се потопи во вода и да остане цела, односно да не се разгради на ситни пластични честички, така што постои помала веројатно дека селдниот ваш оброк ќе стане микропластика.

„Не само што можеме да направиме биопластика, туку можеме да создадеме и ткиво кое ги штити изгорените делови од телото или го стопира локалното крварење“ вели Монтинола.

Сподели!
- Advertisement -