Канада создаде резерват за животни голем колку Германија. Резерватот има за цел да ги заштити животните како поларните мечки, китовите и фоките и да го ограничи индустриското рибарење, вадењето нафта и гас и рударењето. Иако и понатаму ќе биде дозволено проучување на зачувувањето и заштитата на екосистемот, креаторите на резерватот се надеваат дека на овој начин ќе успеат и да ја сочуваат културата на локалното инуитско население со отворање работни места и поддршка за локалната заедница.
Паралелно, Инутитие ќе им помагаат да го следат менувањето на пејзажот и во зачувувањето на културните споменици. Заштитената област се вика Туваиџуитук, што на јазикот на Инуитите значи мраз што никогаш не се топи. Но, во реалноста мразот во тој регион се топи и тоа многу брзо.
Арктикот се загрева трипати побрзо отколку која било друга точка на планетата Земја. Како последица на тоа пермафростот или вечниот мраз се топи 70 години порано од предвиденото. Делот од Арктикот кој е покриен со мраз многу брзо се намалува, а стопениот мраз го пореметува животот на морскиот свет, на локалните заедници и овозможува повеќебродови да влегуваат во тој регион. Со тоа се зголемува опасноста од загадување со бучава и веројатноста од несреќи на море
Canada has created a conservation zone almost as big as Germany
Welcome to Tuvaijuittuq. 📕 Read more: https://wef.ch/2YTKKLr
Posted by Video – World Economic Forum on Петок, 09 август 2019