Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата што ќе важат во текот на оваа недела до идниот понеделник. Промената на цените ќе стапи на сила од ноќеска на полноќ. Според новиот ценовник, цените на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,07%.

Во однос на цените од минатата недела, според новиот ценовник сега ќе поскапи само дизелот за 0,50 денари, а цените на бензините ќе останат исти. Имено, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе бидат 66,50 денари за литар, односно 68,50 денари за литар.

- Advertisement -

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ  сега ќе изнесува 60.50 денари за литар. И екстралесното масло за
домаќинство ќе поскапи за 0,50 денари на 50,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот, пак, ќе се намали за 0,711 денари на 31,650 денари за килограм.

Сподели!
- Advertisement -