Автомобилот Roadster на Илон Маск го направи првиот круг околу Сонцето

- Advertisement -

Најчудниот објект во вселената сигурно е астронаутот Starman, кој веќе 557 дена седи зад воланот на електричниот автомобил Tesla Roadster и лебди во сончевиот систем. Откога беше лансиран во вселената со тест-ракетата Falcon Heavy цврениот автомобил на Илон Маск помина повеќе од 1.226 милиони километри, односно 21.000 повеќе пати отколку што покрива гаранцијата кога ќе го купите и го возите во патиштата на Земјата.

Од SpaceX велат дека Starman го направил својот прв круг околу Сонцето, но нема да го видиме толку брзо затоа што Земјата сега е на спротивната страна од Сонцето, па ќе дојде релативно блиску до нашата планета некаде во ноември 2020 година. Се предвидува дека потоа Starman ќе може да се „види“ дури во 2047 година, кога повторно ќе ни се приближи малку, а дотогаш осамен ќе патува низ вселената.

- Advertisement -

Каде точно се наоѓа Starman во секој момент можете да проверите на овој линк.

Сподели!
- Advertisement -