Научници тврдат дека во луѓето наскоро ќе може да се пресадуваат срца од свињи. Благодарение на напредокот со едитирањето на гените со методата CRISPR, во блиска иднина на луѓето со проблеми со срцето ќе може да им се имплантираат свински срца.
Повеќе научни тимови од светот веќе некое време работат на техники за „нокаутирање“ на гените кои ќе овозможат на луѓето да им се пресадуваат не само срца, туку и други органи од свињите.
Меѓу нив се британскиот научник Кристофер Мекгрегор и сер Теренс Инглиш, кој во 1979 година ја направил првата трансплантација на срце во Велика Британија. Тие годинава ќе се обидат да трансплантираат свински бубрег во човек, а сер Инглиш вели дека ако човечкиот организам може да го прифати свинскиот бубрег, истата метода наречена ксенотрансплантација ќе може да се примени и за други органи, како, на пример, срцето, кое ќе може да се најде во првиот човек за три години отсега.
Побарувачката за органи од донатори постојано е поголема од понудата, а многу пациенти секоја година не го дочекуваат новиот орган поради долгите листи на чекање. Научниците веруваат дека пресадувањето органи од компатибилни животни претставува голема надеж за многумина.