Исланд постави споменик на местото на првиот истопен глечер

- Advertisement -

Исланд го постави споменикот на местото на првиот истопен глечер, кој е жртва на затоплувањето на климата. Окјокул е првиот целосно истопен глечер на тој остров и е симбол на предупредувањето на научнциите за последиците од климатските промени. Комеморативната плоча е поставена на местото Окјокул на западниот дел од островот и е првиот споменик во светот подигнат во чест на глечер кој исчезнал поради климатските промени.

Научниците се надеваат дека со плочата на која на исландски и на англиски јазик пишува „Писмо за иднината“ ќе го истакнат значењето на опасности кои демнат со исчезнувањето на глечерите и последиците од климатските промени. На плочата пишува: „Ок е првиот глечер на Исланд кој го изгуби статусот на глечер. Очекуваме дека во наредните 200 години сите наши глечери ќе ги снајде истата судбина. Овој споменик е признание дека знаеме што се случува и што мора да се направи. Кога само би го направиле тоа што треба“.

- Advertisement -

Пред само 100 години глечерот кој сега е прогласен за „мртов“ имал површина од речиси 15,5 квадратни километри, а дебелината на мразот била повеќе од 45 метри. На споменикот е напишана и точната количина на јаглерод диоксид во атмосферата во моментот.

Според истражувачите, Исланд секоја година губи по 11 милијарди тони мраз. Научниците се навистина загрижени затоа што речиси половина од глечерите во светот може да исчезнат до 2100 година доколку се продолжи со ова темпо на емисијата на стакленички гасови, кои ја загреваат атмосферата.

Сподели!
- Advertisement -