Изминатиот месец Kaspersky ја прослави 22 годишнината од своето постоење, малку порано од вообичаеното односно од официјалниот датум на својот роденден. На овој линк можете да дознаете малку повеќе за историјата на компанијата.
Проследете го текстот на сопственикот Евгени Касперски по повод 22 годишниот раст на компанијата
Годинава прославивме 22 години постоење на компанијата малку порано, но блиску до официјалниот датум на роденденот (на овој линк можете да дознаете малку повеќе за историјата на компанијата). Прославивме порано затоа што патот повторно ме однесе на интересно место. Но, за тоа подоцна.
Овие и сите фотографии подолу се на Роман Рудаков.
Во текот на годината работевме добро (на пример, заработивме 726 милиони долари или 4% повеќе во споредба со 2017 година), бевме број еден на тестовите за заштита и брзина, двапати бевме прогласени за најдобро решение за сајбер безбедност од страна на Gartner Peer Insights, па затоа решивме малку повеќе да потрошиме за роденденот затоа што тие што добро работат се добри и во се друго.
За да се почестиме сите се собравме со живописниот град Завидово, недалеку од градот Твер во Русија, каде што изникнал целосно нов град за многу кратко време и го носи името Дистрикт 22. За само 48 часа и по навистина лошо време (ветрот ги однесе сите наши убави знамиња и банери) беше изградена најголемата бина во историјата на компанијата.
Поради набиениот распоред, пробите на изведувачите и музичарите – или нашите вработени и рок ѕвездите кои ни беа гости – ноќта наспроти прославата траеја до 5 часот наутро. Но, успеаја.
Освен бината, на повеќе од 20 локации по целиот град можеа да се сретнат по малку чудни работи – сомнителни пазари на црно, џепчии, па дури и бездомници… Без грижа, тоа беа само ликови кои ги осмислија нашите најлукави и остроумни вработени со смисла за хумор со цел да заработат биркоини кои потоа ќе ги заменат во поп ап верзијата на нашата сувенирница.
22 е возраст кога се е возможно! Дури и во најконзервативните земји. Еве што се спаѓа во таа слобода:
✔️ Беа испеани повеќе од 80 караоке песни.
✔️ 800 луѓе учествуваа во пребарувањето кое го споменавме претходно.
✔️ 70 луѓе дознаа што им носи иднината од страна на гатачка.
✔️ 20.000 биркоини беа заработени и потрошени на „бувљак“.
✔️ 2.250 литри вода, 2.300 литри мохито, 1.000 литри вино, 360 литри шампањ и 875 литри лимонада беа испиени на забавата.
✔️ Изедовме 333 кг сладолед, 173 кг ориз, 200 литри супа, 420 км долги макарони (140 кг), 960 км шпагети (192 кг), 1.650 бургери. Тоа се доста големи бројки… Во суштина, сите добро се најадовме!
Дури и сивото небо не можеше да ги спречи поенергичните од нас да истрчааат/се истркалаат 15 км по надуените фигури високи 11 метри и долги 50 метри.
Тие кои бевме помалку расположени за трчање и решавање загатки имавме шанса едноставно да седиме и да ги слушаме предавањата во нашиот нов формат од страна на интересни луѓе заедно со Асја Казанцев, фотографот Кирил Умрикин, авантуристот Микаил Коростелев, плус креативниот дел со Дмитри Гоблин Пучков. Не стигнав да го слушнам неговиот говор, но судејќи според толпата која се собра, сигурно одлично поминал. Патем, Гоблин се согласи да го води нашето традиционално шоу со вработените, со наши интерни шеги.
Бината беше на повеќе нивоа (поточно, имаше 4 повеќе од вообичаено), а POV камера беше директно насочена кон главниот на бината. Шоуто изгледаше фантастично! Повеќе од 100 учесници вежбаа еден месец во подземниот паркинг после работа. Од нив, 30 соло артисти пееја во живо! Освен луѓето, на шоуто имаше 8 гиро скутери, 2 електрични скутери, 1 скутер со едно тркало и 2 дрвени банкомати.
Вработените беа одговорни и за дневната музичка програма. Имаше 7 диџеи и 2 бенда. Имаше и вежби за сивата материја во мозокот со светскиот шампион во шах во јуниор конкуренција Микаил Антипов (патем, неодамна кој победи на отворен турнир во шах во Нетанја).
Потоа, од нигде никаде имаше хидроавион. „Коинциденција?! Не би рекол“:
Шлагот на тортата беа двете познати групи: младиот и енергичен бенд The Hatters и модерната класика Bi-2.
И се разбира, следуваа огномети!
Остатокот од фотографиите од годинашниот роденден на компанијата можете да ги погледнете ТУКА.
Превземено од https://eugene.kaspersky.com