Над 80 компании заинтересирани за изградба на фотоволтаични централи

- Advertisement -

Над 80 домашни и странски компании доставиле понуди за изградба на фотоволтаични централи. На јавното отворање ќе бидат избрани сите кои ќе излезат со пониска цена од 15 евра за мегават произведена  електрична енергија, по што ќе следи лицитација.  Државата ќе ги субвенционира  оние фирми со најниска понудена цена. Засега  обезбеди 11 локации, 10 во Свети Николе и една во Македонски брод.
– Компаниите кои ги исполниле условите во рок од 90 дена ќе бидат поканети да учествуваат на негативна аукција, односо јавно поддавање. Ќе биде избран оној кој ќе понуди најмал премиум, а почетниот кој го нуди државата за старт на аукцијата е 15 евра по мегават. ,изјави Крешник Бектеши,министер за економија
Инвеститорите,согласно тендерските правила  имаат рок од 3 години да ги обезбедат соодветните дозволи за градба и да почнат со изградбана централите. Министерот Бекеши вели поддршката кон обновлите извори на енергија ќе продолжи и наредиот период, а веќе од следниот месец ќе биде објавен  и огласот за субвенционирање на ставањеп лински уреди на автомобилите.
 

Сподели!
- Advertisement -