На 13 септември ќе се одржи првиот Балкански претприемачки самит во Скопје

- Advertisement -

На 13. септември ќе се одржи првиот Балкански претприемачки самит во организација на Creative Hub и Стопанска комора на Македонија. Балканскиот претприемачки самит кој на 13. септември 2019 ќе донесе над 30 говорници и претприемачи во Скопје ќе биде уникатен настан кој ќе помогне во економскиот развој. Неговата цел е на едно место да обедини бизнисмени од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија за да ги поврзе во меѓусебна соработка која во иднина ќе отвори нови можности за сите. Истиот е во организација на Creative Hub, кои оваа година се најдоа на листата на Форбс, и Стопанската комора на Македонија.
Балканскиот претприемачки самит ќе биде целодневен настан исполнет со панел дискусии, презентации, разговори со голем број домашни и странски говорници.
Целата оваа поврзаност меѓу светската и регионалната бизнис елита ќе отвори пат за економски развој кој ќе е клучен за зголемување на прогресот на нашето општество сѐ со цел сите да имаме подобар и поквaлитетен животен стандард. Самите вмрежувања и теми како успешна Балканска соработка, трендот на недостаток на квалитетна работна сила и иновациите ќе ни помогнат да ги зацврстиме темелите на тој развој“, вели Аријана Коскарова, извршен директор на Creative Hub. Таа додава дека ѝ претставува исклучително задоволство што сите овие лица од светската бизнис елита ќе може да ја претстават својата приказна на успех во Скопје. Тие ќе ги споделат со присутните инвестициските трендови во светот и Балканот, и многу други искуства.
Некои од говорниците на самитот се Васил Наци, основач и претседател на Агна Груп, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот Форум во Давос, Акаш Мехта, глобалниот директор на дигитален маркетинг на Диор, и многу други.

Сподели!
- Advertisement -