Имате технолошка напредна бизнис идеја и сакате да ја реализирате? Пријавете се на повикот најдоцна до 15 Септември 2019.
Осумнеделната програма ќе започне на 26 септември 2019, а ќе заврши со Демоденот / Бетапич Скопје 2019, закажан за 20 ноември 2019, со пичинг / претставување на вашиот стартап пред Комисијата за инвестиции на Акцелераторот УКИМ, и други инвеститори од нашата заедница. Специјални членови на жирито ќе бидат Раководителот на Т-лабс и Главниот оперативен директор на Бетахаус, двајцата од Берлин, Германија.
Победниците ќе имаат можност да аплицираат за инвестиција (до €133,000), и да патуваат во Берлин за да пичираат пред врвните германски инвеститори и претставници на индустријата на Бетапич Глобал – Ден на инвеститори (6 декември 2019).
Повеќе информации: acceleration@ukim.mk и https://www.facebook.com/acceleratorukim/
Акцелераторот УКИМ го отвори повикот за втората Акцелераторска програма есен 2019
- Advertisement -
- Advertisement -