Најдолгото крстарење во светот, кое за некои е сон, а за други вистински кошмар, во зависност од тоа колку го сакате морето, започна од Лондон. Оттаму пред некој ден исплови крстосувачот Viking Sun. Крстарењето го носи името Ultimate World Cruise и е луксузно патување во времетраење од 245 дена со цел соборување на светскиот рекорд за најдолго континуирано крстарење.
Крстосувачот Viking Sun со вкупно 930 патници отплови на 31 август од лондонското пристаниште Гринвич. Во текот на оваа авантура патниците ќе посетат шест континенти, 51 земја и 11 пристаништа. Осуммесечното патување, кое ќе заврши во Лондон, вклучува запирање во Скандинавија, на Карибите и на некои места во Јужна Африка. Потоа бродот ќе продолжи да се движи кон островите во јужниот дел од Тихиот Океан, па следуваат Австралија и Азија, пред да се врати во Средоземјето и Европа.
„Повеќе од 20 години сме посветени на обезбедување искуства кои на патниците им овозможуваат удобно да го истражуваат светот. Нашиот Ultimate World Cruise е најопсежниот план за патување достапен во оваа индустрија и е речиси двапати подолг од нашите претходни светски крстарења, Задоволство ни е што им нудиме такво уникатно искуство на нашите гости“ изјавија од компанијата Viking.
Во текот на патувањето патниците ќе можат да преноќат во 23 града. Трошоците за крстарењето изнесуваат 92.000 долари по човек, што вклучува авионски билет, оброци и бесплатен излет во секое пристаниште каде што ќе застане бродот. Бродот Viking Sun е изграден во 2017 година. Долг е 227 метри, има десет ресторани, вклучувајќи и неколку опции со посебни специјалитети. Сите 465 соби на бродот имаат и веранда.
Дополнително, бродот има и базени, спа центар, панорамски салон Explorers, библиотеки и театар со претстави од светски ранг. Гостите можат да слушаат разни предавања од светски експерти – од автори и археолози до поранешни дипломати и новинари. Сепак, едно нешто што нема да го најдете на бродот е се коцкарници и деца затоа што крстарењата се забранети за патници помлади од 18 години.
Бродот Viking Sun го започна најдолгото крстарење во светот низ дури 51 држава
- Advertisement -
- Advertisement -