Huawei во Берлин го претстави првиот 5G процесор во светот

- Advertisement -

Извршниот директор на кинескиот технолошки гигант Huawei, Ричард Ју, денес на саемот IFA во Берлин го претстави новиот процесор Kirin 990 со интегриран 5G модем. Берлин од 6 до 11 септември е посветен само на технологијата, а свеченото отворање на саемот денес го збогати конференцијата на Huawei, на која беа најавени најновите технологии. Процесорот Kirin 990 е првиот 5G процесор во светот моментално. Тој процесор ќе се најде и во новиот смартфон Huawei Mate 30 Pro, кој премиерно ќе биде претставен на 19 септември во Минхен.
Ричард Ју додаде дека вештачката интелигенција денес станува секојдневие, а 4G ги забавува нејзините ефекти во реално времењ, поради што се одлучиле за 5G технологијата, која е нашата иднина. „Ова е најбрзиот 5G модем во светот. Ние донесовме револуција во 5G и во AI технологијата – Kirin 990 5G. Многу компании комбинираат 4G SoC и 5G модеми, но ние носиме револуција каде што имаме се во едно“ истакна Ју.
Новиот процесор е помал од нокт. Има 10,3 милијарди транзистори, брзина на симнување од 2,3 Gbps и на прикачување од 1,25Gbps, ISP 5.0, осмојадрен процесор СPU и 16-јадрен GPU процесор, кој овозможува и 4K HDR видео. Новиот процесор ќе го подобри квалитетот на камерите, фотографирањето ноќе, ќе ја подобри ефикасноста на батеријата, а носи и технологии од професионалните DSLR апарати, како и можност за мерење на срцевиот ритам при правењето селфи фотографии.
Сета таа технологија премиерно ќе биде претставена на 19 септември во Минхен во новиот телефон Huawei Mate 30 Pro.

Сподели!
- Advertisement -