Едно неодамнешно истражување покажа дека имаме рекордни „фосилни остатоци“ од пластика. Од пластични шишиња и кутии за храна до облека и микровлакна – сето тоа ги натера научниците да го прогласат периодот во кој живееме за ера на пластиката. „Нашата љубов кон пластиката ја претвора во нешто слично на фосилните горива, во наследство. На училиште сите учевме за камената доба, за бронзената и железната доба. Ова време во кое живееме денес во иднината ќе биде познато како ера на пластиката. Застрашувачко е ова што им го оставаме на идните генерации по што ќе не паметат“ велат истражувачите .
Експертите мислат дека ова откритие ќе биде искористено за да се пресмета стартот на антропоценот, односно геолошката епоха на човечкото запоседнување на Земјата. Истражувањето покажа и дека се повеќе се зголемуваат седиментите од пластика. За истражувањето биле анализирани примероци од слоеви од калифорнискиот брег од 1834 година досега и особено во текот на последните 70 години.
Пластичните честички кои биле пронајдени главно биле влакна од синтетички материјали, што значи дека пластиката доаѓа во океаните преку отпадните води. Микроскопската пластика околу нас се дуплирала на секои 15 години почнувајќи од 1940-тите години досега.
Јасно ни е како и зошто огромни количини пластичен отпад завршуваат во животната средина и се разложуваат на мали парчиња, но синтетичките влакна не се биоразградливи. Тоа треба да не загрижува затоа што просечниот човек денес може да внесе во телото најмалку 50.000 микропластични честички преку храната и водата секоја година.
Научниците предупредуваат дека влегуваме во ерата на пластиката
- Advertisement -
- Advertisement -