Неколку американски држави започнуваат истрага за пазарната моќ на Google

- Advertisement -

Голема група американски сојузни држави на чело со Тексас најавуваат истрага за пазарната моќ на Google и дали таа компанија неправедно ја потиснува конкуренцијата и им штети на потрошувачите, изјави генералниот јавен обвинител во Тексас, Кен Пакстон, на прес-конференција во Вашингтон.

Матичната компанија на Google , Алфабет, има пазарна вредност од повеќе од 820 милијарди американски долари и контролира толку многу аспекти на интернет што е доста невозможно да „сурфате“ долго време без да наидете на барем една од нивните услуги.
Ова не е првпат  Google  да се соочи со казни од држави. На почетокот на годината францускиот регулатор CNIL го казни Google со 50 милиони евра за наводно неисполнување на правилата за транспарентност и лесен пристап до податоци. Како што се наведува, Google го отежнал пристапот до податоци за употребата и контролата на личните податоци, како и за таргетираните огласи. Казната следуваше после жалбите на група која се залага за заштита на дигиталните податоци после стапувањето на сила на регулативата во мај 2018 година. Од CNIL велат дека висината на казната е соодветна на прекршокот затоа што ова не е само основно еднократно прекршување на основните принципи на регулативата, туку континуирано кршење на правилата.

Сподели!
- Advertisement -