Барселона има радикален план за намалување на загадувањето

- Advertisement -

Барселона има радикален план да го намали загадувањето и да ги спаси животите на луѓето кои се во опасност од него. Таа ќе гради мини соседства наречени суперблокови со површина од 400х400 метри, каде што сообраќајот по споредните улици е речиси сведен на нула, а патиштатата ќе бидат претворени во простори за граѓаните.
Тир простори ќе се користат за културни, општински настани и за релаксација. Местата кои некогаш биле преполни со коли сега ќе бидат претворени во површини за луѓето и во паркови и игралишта за деца.
Оваа шема момeнтално се користи само во неколку соседства, но ако бидат создадени сите планирани 503 суперблокови, секоја година ќе се спречат 670 прерани смртни случаи кои се последица на загадувањето, бучавата и високите температури. Освен тоа, просечниот животен век на жителите на Барселона ќе се зголеми по речиси 200 дена.
Слични шеми планираат и некои други градови. Американскиот град Сиетл е еден од нив. Во градовите речиси 70% од јавните површини се зафатени со автомобили, а експертите велат дека тој процент треба да се сведе на само 25% за да биде одржлив.
Девет од десет луѓе во светот дишат загаден воздух, а изложеноста на токсичен воздух резултира со 7 милиони смртни случаи годишно.

Barcelona has a radical plan to cut pollution and save lives

Setting up 'superblocks'.📕 Read more: https://wef.ch/2NZZ6Ev

Posted by World Economic Forum on Петок, 13 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -