Основан Македонско–швајцарски бизнис клуб

- Advertisement -

Oфицијално е формиран Македонско-швајцарски бизнис клуб со поддршка на Амбасадата на Швајцарија  и Сојузот на стопански комори на Македонија. 

Со свои обраќања пред присутните компании членови основачи на бизнис клубот, претседателот на Сојузот, Данела Арсовска и заменик амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан, го означија почетокот на работа на Македонско – Швајцарски бизнис клуб и дадоа посебен акцент на заложбите, целите и придобивките од формирањето на клубот.  За претседател на бизнис клубот избранa е  Јасминка Талеска, директор на швајцарската компанија „Новартис“.

- Advertisement -

Арсовска истакна дека бизнис клубот се формира како резултат на детектирана потреба и потенцијал за зголемување на деловната соработка и на бројот на компании од Швајцарија кои работат во нашата земја.

Постои голем потенцијал за натамошно унапредување на можностите за соработка меѓу компаниите од двете земји. Целта на формирањето е пред се да ја зголемиме соработката. Обединувајќи ги компаниите кои се со швајцарски капитал и компаниите од Сојузот кои имаат интерес за соработка, веруваме дека ќе делуваме кон зголемување на трговската размена која според статистичките податоци минатата година изнесуваше 105 милиони евра, со остварен извоз од 40 милиони евра и увоз од 65 милиони евра“, истакна Арсовска.

- Advertisement -

Заменик амбасадорот на Швајцарија, Томаџан истакна дека Амбасадата ќе се залага во својот домен за јакнење на соработката меѓу двете земји, со особен акцент на зголемување на трговската и економска соработка.

Задоволство е што на денешниот настан се присустни компании од Швајцарија и компании заинтересирани да остварат деловна соработка со Швајцарија да се здружат и да формираат деловен клуб. Ова е знак дека билатералните економски односи се добри. Убедени сме во потенцијалот за зголемена трговија и инвестиции меѓу нашите две држави. Во таа насока, новиот деловен клуб ќе има корисна улога“, изјави Тoмаџан.

- Advertisement -

Претседателот на бизнис клубот , Јасминка Талеска, рече дека од оваа соработка односно формирањето на бизнис клубот ќе произлезе единствено успех.

Креирањето на македонско швајцарскиот бизнис клуб, покрај тоа што ќе отвори безброј врати и можности за членовите, ќе придонесе и за вмрежување на илјадници компании, изградба и зајакнување на односи, взаемна промоција на истите и многу други придобивки. Како пазар да претставуваме цел, за влез и работа на компаниите од Швајцарија е примарна цел и од истата ќе имаат бенефит двете страни, “ изјави Талеска.

Во моментов над 40 компании се со 100 процентен швајцарски капитал или дистрибуираат проиводи или услуги од Швајцарија на македонскиот пазар.

Сподели!
- Advertisement -