Како ќе изгледа луксузниот одмор во вселената?

- Advertisement -

Проектот на вселенската станица Von Braun е само еден во низата хотели кои наскоро би можеле да полетаат во орбитата, па засега само најбогатите од нас ќе можат својот одмор наместо на Земјата, да го поминат во орбитата. Станува збор за проект на американската вселенска компанија Gateway Foundation, која како што пишува CNN, својот хотел би можела да го лансира во орбитата за шест години отсега, а првите свои гости ќе ги прими во 2027 година.
Уште отсега е познато како ќе изгледа внатрешноста на овој луксузен објект, кој по малку асоцира на тој од филмот „Елисиум“ со Мет Дејмон во главната улога. Овој лебдечки објект ќе биде конструиран во облик на ротирачка станица која ќе има 24 кабини, а планот е неделно да прими до 100 гости.
Поради својот облик, хотелот ќе може да симулира различни степени на гравитација, па гостите ќе можат нормални да ги вршат секојденвните активности. Хотелот сепак нема да изгледа како футуристичка вселенска станица од некој научно-фантастичен филм, туку ќе има класичен и отмен стил.
Просторот ќе биде исполнет со природни материјали – од класични кревети во собите до лоби и ресторани во стилот на бутик хотели. Освен соби и лоби, новиот објект че има и различни простории за рекреација и забавни центри во кои гостите ќе можат да искусат активности кои речиси се невозможни на Земјата поради гравитацијата.
Ова не е единствениот вселенски хотел на кој се работи моментално. На почетокот на 2019 година американскиот стартап Orion Span ја објави својата визија за луксузниот вселенски хотел Aurora Station, кој треба да биде лансиран во вселената во 2022 година. Освен нив, во големата трка за вселенски туризам се и Virgin Galactic на милијардерот Ричард Бренсон, како и Илон Маск со својот проект SpaceX и шефот на Amazon, Џеф Безос со компанијата Blue Origin.

Сподели!
- Advertisement -