Пластични кеси направени од корења ќе помогнат да се стави крај на пластичниот отпад?

- Advertisement -

Овие пластични кеси направени од растенија може да помогнат да се стави крај на загадувањето со пластика. Кесите се направени од корења од растението касава, биорагзрадливи се и се распаѓаат за само неколку месеци, за разлика од традиционалните пластични кеси на кои им се потребни стотици години.
Од корењата на касавата се вади скробот и потоа се суши на сонце. топлината го менува молекуларниот состав на скробот и создава материјал кој е поиздржлив и од кој може да се прават кеси и сламки. За разлика од другите видови биопластика кои се прават од житарки како пченката, кои ние ги консумираме и може да предизвикаат недостиг од храна, касавата не е нешто што вообичаено се консумира во Индонезија, каде што се произведуваат кесите.
„Загадувањето со пластика е навистина голем проблем на кој мора да му се пристапи обединето со сите достапни решенија. Не постои едно решение кое може само по себе да стави крај на проблемот. Сите како оопштество мора да ја намалиме нашата консумација на пластика и мора да почнеме да реупотребуваме пластични предмети како шишињата. Исто така, кога се може, мора да се рециклира дел од пластиката затоа што има голем број пластични предмети кои не е исплатливо да се рециклираат. Тоа е и задачата на Greenhope – да замени многу од конвенционалните пластични предмети кои не се биоразградливи. “ вели извршниот директор и соосновач на Greenhope, компанијата која ги прави кесите, Томи Џиптаџаја.
Нивното решение Ecoplas сега го користат многу брендови ширум светот за различна примена. 40% од пластиката која се користи во светот се користи за амбалажи за еднократна употреба. Пластичниот отпад во реките и морињата испушта токсини и претставува закана по водениот жив свет, како и по здравјето на луѓето. Годишно во океаните завршуваат околу 13 милиони тони нова пластика. Реупотребата, рециклирањето и намалувањето на консумацијата на пластиката е голем дел од решението на проблемот.

These plastic bags made from vegetables could help end plastic pollution

A sustainable way to shop. 🔎 Learn more about making plastic from plants: https://wef.ch/2ZknpQj

Posted by World Economic Forum on Петок, 20 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -