Научници прв пат забележаа како црна дупка „проголтува“ ѕвезда

- Advertisement -

Научници по прв пат со помош на телескопот на НАСА за лов на пленти забележаа како огромна црна дупка уништува ѕвезда. Ова е исклучителен и хаотичен настан во вселената, кој го зебележале од почеток до крај. Сателитот на американската вселенска агенција  TESS откри детално видео од исчезнувањето на ѕвездата оддалечена 375 милиони светлосни години, која е повлечена од моќната гравитација на супермасивната црна дупка.
Ѕвездата со големина на нашето Сонце на крајот е „проголтана“ во овој редок вселенски настан. Астрономите користеле меѓународна мрежа од телескопи за да го откријат феноменот пред да го искористат TESS, кој е дизајниран за „лови“ оддалечени планети, а кој го забележал почетокот на драматичниот настан.
Тука станува збор за комбинација од способност и среќа и понекогаш ви требаат и двете работи за да напредува науката, велат научниците. Овој феномен се случува која ѕвездата премногу ќе се доближи до црната дупка, објект кој постои во центарот на многу големи галаксии, вклучувајќи го и нашиот Млечен пат.
Исклучително силната гравитација на црната дупка ја растргнува ѕвездата и нешто од материјалот од кој е направена се исфрла во вселената, а остатокот паѓа во црната дупка притоа формирајќи врел, сјаен гас. Научниците додаваат дека можат да ја мерат брзината со која гасот станува посјаен, а и да го забележат падот на температурата и сјаењето, кои се единствени.

Сподели!
- Advertisement -