Врз основа на спроведено рангирање на банките во Република Северна Македонија, на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ѝ се доделени наградите „Fastest Growing Corporate Bank North Macedonia 2019/Најбрзорастечка банка во сегментот на правни лица во Северна Македонија за 2019“ и „Fastest Growing Retail Bank North Macedonia 2019/Најбрзорастечка банка во сегментот на физички лица во Северна Македонија за 2019“ од страна на The Global Banking and Finance Review Awards.
The Global Banking and Finance Review Awards се доделуваат со цел да ги признаат институциите и компаниите различни по големина, истакнати во одредени области на експертиза и квалитет во рамките на глобалната финансиска заедница. Наградите се познати и високореспектирани низ светската банкарска и финансиска заедница. Тие ги одразуваат иновациите, достигнувањата, стратегијата, прогресивните и инспиративни промени што се случуваат во рамките на финансискиот сектор.
Овие награди следуваат како резултат на целокупниот перформанс на Банката, долгогодишната професионалност, посветеност и лојалност кон нашите клиенти, водејќи се од нивните потреби и барања. Наградите се дополнителен поттик да вложуваме максимален професионален труд во намерата да бидеме најдобри, обезбедувајќи врвни финансиски и банкарски услуги што се во чекор со последните случувања од областа.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратегиска ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.
Шпаркасе Банка Македонија добитник на две награди: „Fastest Growing Corpоrate Bank North Macedonia 2019“ и „Fastest Growing Retail Bank North Macedonia 2019“
- Advertisement -
- Advertisement -