Научници развија вештачка крв во лабораториски услови која трвдат дека може да ја прими секој пациент без оглед на тоа која крвна група се. Тим од јапонски експерти ја создадоа крвта која е комплетна со крвни клетки кои можат да носат кислород и со крвни плочки или тромбоцити кои го сопираат крварењето.
Крвта ја тестирале на десет зајаци кои имале изгубено многу крв и шест од нив преживеале. Научниците сега тврдат дека резултатот би бил ист кога зајаците би биле третирани со вистинска крв. Тие веруваат дека нивниот изум може да спаси животи на луѓе кои инаку би умреле ако не може да се третираат на самото место на несреќата.
Пациентите честопати мора да одат во болница каде што докторите најпрвин треба да утврдат кој тип крв имаат пред да направат трансфузија. Сепак, додека крвните групи А и Б, на пример, се почести, ако пациентот има 0 негатив, веројатноста да се најде крв за трансфузија е многу помала зашто крвната група е многу ретка.
Тешко е да се направат залихи од крв за трансфузии во региони кои се излолирани или на оддалечени острови. Вештачката крв би можела да ги спаси животите на луѓето кои инаку би умреле ако имаат сериозна повреда и искрварат многу. Губењето на тромбоцитите значи дека крвта не може да се сопре и засири, додека немањето доволно црвени крвни клетки значи дека кислородот не стигнува до некои од виталните органи. За да се третираат што побрзо таквите случаи болниците мора да имаат залихи од сите видови крв.
Вештачката крв на јапонските научници содржи тромбоците и црвени крвни клетки кои се складирани во микроскопски кеси наречени липозоми во самата течност и може да се чува на нормална температура подолго од една година. Засега не е јасно како оваа крв може да замени секој од неколку типови крв. Типот на крв се утврдува преку протеините наречени антитела и антигени, а вештачката крв е создадена без антитела и антигени, па се смета за универзална.
Ретко кога се случува да се направи трансфузија на погрешен вид крв, но ако дојде до тоа, последиците може да бидат фатални.