Вештачка интелигенција ќе им помага на кошаркарските тренери да ги планираат натпреварите

- Advertisement -

Посебниот софтвер за следење на движењата на играчите и нивните акции, анализата на се што се случува на теренот, како и деталното следење на здравјето на играчите се само дел од технологијата во светот на спортот.
Технологијата ја смени НБА лигата и начинот на кој ја следиме кошарката. Кошаркарските тренери сега имаат уште еден помошник кој ќе асистира во подготовката за натпреварите и на теренот благодарение на вештачката интелигенција.
Тие ќе можат да ги читаат противничките одбрани  во акциите кои ги спремаат. На класичната плоча на која ги цртаат акциите не може да знаат како ќе реагира противникот, но со новата програма акциите ќе се цртаат на виртуелна плоча и откако тренерот ќе нацрта движење и додавање на топка, програмата ќе ги оживее тие акции и ќе можат да го следат движењето на играчите и топката.
Програмата е базирана на вештачка интелигенција и податоци од НБА, па тие виртуелни реакции би биле слични на вистинските играчи на теренот. Механизмот на апликацијата е базиран на два вида програми. Едната прикажува што поверодостојни движења на играчите по виртуелната плоча, додека другата проверува колку виртуелните акции се слични на податоците од НБА.
Програмата ќе буде претставена на меѓународната конференција Computing Machinery International Conference on Multimedia, која во текот на октомври ќе се одржи во Ница.

Сподели!
- Advertisement -