Дигитализација на европскиот извештај за пријава на штета, онлајн компарација на цени на осигурување од автоодговорност и КАСКО како и решение за прибирање и обработка на податоци за возење се дел од дигиталаните решенија кои ги презентираа претприемачи и стартап компании на денешната Start up Pitch Session од на конференцијата Конференција „Insurtech Skopje 2019“. Конференцијата се одржува денеска и утре и е во функција на дигитализирање на осигурителната индустрија во земјава. Организатори се Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Стопанската комора.
На конференцијата се претставија девет стартап компании.
Ова е одлична можност за нивно промовирање, а за осигурителните компaнии, пак, да разгледаат можности за инвестирање и поддршка на стартапите кои ќе помогнат во подобрување на работните процеси во друштвата за осигурување, рече директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Поповски.
На настанот беа презентирани и израелските искуства на соработка на стартап компаниите и осигурителните друштва.
Напредокот во осигурителната технологија може да донесе профит и придобивки за сите во македонската осигурителната индустрија – рече Кофи Бенделак, главен извршен директор на „Insurtech Israel“.
Осигурителната технологија во Македонија е мошне активна во последниот период. Напредокот во оваа технологија може да им донесе профит и продобивки на сите во оваа индустрија и на граѓаните, рече тој.
Израел кој е водечки во овој сектор има над 6.000 стартапи и ги организира во еко заедници за да си помагаат меѓу себе и полесно да се пробијат на пазарот.
Имаме дваесетина компании кои се занимаваат со осигурителна технологија и се мошне поврзани со заедницата која им дава можност да одат понатаму и да напредуваат, рече тој.
Конференцијата продолжува денес кога ќе бидат претставени реномирани и успешни примери на insurtech компании.
Фото- Стопанска комора на Македонија
„Insurtech Skopje 2019“: младите претприемачи и стартап компании влегуваат во осигурителната индустрија
- Advertisement -
- Advertisement -