Руската компанија Promobot почна да произведува хуманоидни роботи кои може да изгледаат исто како нивните сопственици. Promobot своите роботи ги нарече Android Robo-C и тврди дека тие можат да ги заменат луѓето на работното место и во нивниот дом. Роботите, наводно, можат да одговараат на прашања во продавници и во музеи, да ја вршат улогата на администратор или работодавец и да ги поздравуваат посетителите и да комуницираат со нив. Наведуваат и дека батеријата на роботите трае 8 часа, по што треба да се наполни.
„Ова е првиот хуманоиден робот во светот кој не само што го имитира човечкиот изглед, туку може и да се интегрира во работните процеси. Веќе направивме еден прототип, а сега имаме сериско производство“ изјави соосновачот и директор за равој на Promobot, Олег Кивокурцев.
Во домаќинството роботот може да служи како декорација, а може и да разговара си сопственикот и да личи на кого било. Може и да звборува благодарение на модулот за говор во системот за вештачка интелигецнија, а способен е за повеќе од 600 фацијални експресии.
Компанијата планира да произведува по 10 роботи месечно, а нивната цена уште не е позната. Promobot во Русија претходно направи десетина други роботи кои можат да зборуваат, а присутни се во дури 35 земји каде што вршат улога на администратори, промотори, консултатни, водичи или како помошници на луѓето. Компанијата до 2024 година планира да прордаде 1.000 нови роботи во европските земји.
Руска компанија произведува хуманоидни роботи кои изгледаат исто како сопствениците
- Advertisement -
- Advertisement -