Зошто Африка е на прво место во светот по забраната на пластичните кеси? Затоа што досега 37 африкански нации воведоа рестрикции на употребата на пластични кеси. Забраната која ја воведе Кенија, на пример, е една од најстрогите во светот. Тие кои ќе ја прекршат забраната се соочуваат со казни до 38.000 долари или четири години затвор.
Руанда исто така ги забрани пластичните кеси кои не се биоразградливи, а Танзанија не само што ја направи употребата на пластични кеси противзаконска за своите жители, туку и од туристите бара да не носат пластични кеси во земјата. Овие забрани помагаат да се намали загадувањето, да се исчистат одводите каде што се размножуваат комарците кои ја пренесуваат маларијата, да се спречи загадувањето на синџирот на исхрана и да се исчистат градовите, плажите и океаните.
Пластиката е лесна, издржлива и со разновидна примена. Ефективна е во зачувувањето на свежината на храната и на лековите, но во светот годишно се прават 5 трилиони пластични кеси. На секоја од тие кеси и се потребни најмалку 1.000 години за да се разгради.
This is how Africa leads the way in banning single-use plastic bags
Cleaning up the continent.📕 Read more: https://wef.ch/30GfSMy
Posted by Video – World Economic Forum on Четврток, 05 септември 2019