Владата го утврди предлог-законот за зголемување на платите до 100 евра кај приватниците

- Advertisement -

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

Со него ќе се овозможи уплата на придонеси од државниот буџет за работниците кај работодавачите од приватниот сектор.

- Advertisement -

Целта на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата која е повисока до 100 евра, заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија, соопштија од Владата. 

Притоа, како што се додава во соопштението, осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата.

Сподели!
- Advertisement -