Компанијата Синпекс од Битола за прв пат во земјава испорача електрична голф-кола

- Advertisement -

 

Електричен автомобил (електромобил) — е автомобил што се движи со помош на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија. Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување.

Општо, електричните возила се сметаат за прескапи, но никој не ги зема предвид вкупните трошоци на експлоатација во подолг период.

- Advertisement -

Со програмите за субвенционирање предвидени се финансиски средства во износ од 170.000.000 денари во 2019 година, 245.000.000 денари во 2020 година и 320.000.000 денари во 2021 година.

Инаку денес од компанијата Синпекс соопштија дека имаат набавено едно интересно и несекојдневно возило во нивното портфолио. За прв пат во земјава е испорачана електрична голф-кола E-Z-GO EXPRESS L6 ELiTE, производ на добропознатиот производител на возила од овој тип Е-Z-GO од САД.

- Advertisement -

Овој голф-мобил е придвижуван од електричен мотор со моќ од 9,8kW и SAMSUNG батерија од 56V, може да понесе 6 патници, а максималната брзина му е 28km/h

Возилото е веќе испорачано кај клиент во Македонија. Од компанијата СИНПЕКС од Битола на сопственикот му посакуваат долгогодишна експлоатација без никакви проблеми.

- Advertisement -

(www.biznisvesti.mk)

Сподели!
- Advertisement -