Компаниите Under Armour и Virgin Galactic го претставија првиот во светот комерцијално достапен вселенски костим за туристи, кој е резултат на двегодишното партнерство меѓу гигантот за спортска опрема и облека и компанијата во сопственост на еден од најбогатите бизнисмени во светот, Ричард Бренсон.
Од Virgin Galactic се надеваат дека ќе ја направат вселената достапна уште идната година со своите комерцијални летови. Исвршниот директор на Under Armour, Кевин Планк и Ричард Бренсон се пријатели повеќе од една деценија. Дизајнерскиот тим на Under Armour одговорил на прашањето која облека ќе ја носат вселенските туристри кои ќе патуваат со вселенските летала на Бренсон.
Вселенскиот костим се состои од основен слој, костим за летање и чизми. Основниот слој е направен од ткаенина која ја регулира влагата и температурата, како и протокот на крв. Новиот помошен материјал кој се задебелува кога се растегнува е вграден во лактите и колената на костимот, заедно со high-tech полнење во рамената и вратот. Поставата на костимот овозможува ладење, брзо се суши и е пријатна за носење.
Чизмите се елегантни, меки, лесни и отпорни на пламен, а се инспирирани од чизмите кои ги носат возачите на Формула 1.