Идното лето во Пего Парк во Квинс, Њујорк, ќе пристигне нов вид на ИКЕА продавница. За разлика од традиционалните локации со сини центри кои изгледаат како големи кутии, оваа продавница на ИКЕА во САД ќе има хибридни елементи.
Според Business Insider, некои од производите таму ќе може да се купат веднаш, а поголемите од нив, како што е мебелот, ќе бидат изложени и достапни за достава. Како што велат од компанијата, оваа хибридна продавница има за цел да ја направи ИКЕА подостапна, особено за купувачите кои зависат од јавниот превоз.
Иако ИКЕА уште одредува кои производи ќе бидат достапни во хибридната продавница во Квинс, локацијата со површина од 15.000 квадратни метри ќе има и мебел и прибор за домаќинство. Исто така, ИКЕА таму ќе вработи дполнителни 200 работници.