Лос Анѓелес наскоро ќе прави патишта од рециклирана пластика

- Advertisement -


За подобро да менаџира со пластичниот отпад Лос Анѓелес е во преговори со иновативната производствена компанија Technisoil за инкорпорирање на пластиката во градските патишта. Пластичниот отпад, освен како еколошка закана, може да биде и непроценлив ресурс ако се реупотреби. Замената на асфалтните материјали за патишта со рециклирана пластика ќе резултира со заштеда на трошоци за изградба на патишта и менаџирање со отпадот.

Бидејќи пластиката не се разградува чесно и брзо, стигнува до океаните и му наштетува на морскиот жив свет. Истовремено, одржувањето на патиштата е скап процес. За да се решат двата проблеми со едно решение Лос Анџелес и Тechnisoil заеднички работат на употреба на рециклираната пластика во изградбата на патишта.

- Advertisement -

Иновативниот метод ќе биде тестиран на аголот на улицата Вест фрст и авенијата Норт Гранд. Најпрвин пластичниот отпад ќе биде претворен во пелети. Пелетите потоа ќе се топат за да се добие материјал на база на нафта наречен битумен, кој се користи како врзивно средство за асфалтот. Таа „пластична нафта“ потоа се меша со други материјали за да се направи пластичен асфалт.

Кои се предностите на пластичните патишта?

- Advertisement -

Прво, тие се поевтина алтернатива на традиционалниот асфалт. Бидејќи за пластичниот асфалт се користи помалку нафта отколку за традиционалниот, тие се прават побрзо и се поисплатливи. Понатаму, при нивното производство се испуштаат помалку стакленички гасови. Значи, пластичните патишта се поиздржливи, имаат подолг животен век и се седум пати поцврсти отколку обичните афалстни. Тоа значи дека ќе се троши помалку за одржување на патиштата.

Екологистите се загрижени дека атмосферските води ќе носат микропластика од овие патишта до океаните, но од Лос Анџелес и од Technisoil тврдат дека веќе направиле тестирања и не добиле такви резултати. Ако овој проект успее, ќе стане модел за другите американски градови.

Сподели!
- Advertisement -