Германија сака да основа министерство за осаменост

- Advertisement -

Властите на Берлин размислуваат да воведат Министерство за осаменост, затоа што осаменоста во Германија зема замав како епидемија, особено во главниот град. Во Берлин, каде што живеат околу 3 и пол милиони луѓе, речиси половина од домаќинствата се составени од една личност, а најмалку 300 луѓе годишно умираат воп своите станови, а никој нема да знае ни да забележи.

Секоја десетта личност во Берлин е осамена, а таа епидемија посебно ги погодува постарите луѓе. Исто така, секоја петта личност постара од 85 години е осамена. Овој преоблем се заканува да се претвори во вистинска здравствена криза на долг рок и според актуелните истражувања, осаменоста го зголемува морталитетот во иста мера како и пушењето 15 цигари дневно.

- Advertisement -

Германските пратеници веќе осмислија некои креативни решенија. Властите во 2017 година воведоа посебна телефонска линија за постари луѓе кои празниците ги поминуваат сами, а се погласни се заговорниците на идејата по примерот на Велика Британија да се формира Министерство за осаменост. Партијата Христијанско-демократски сојуз предложи и именување на официјален комесар за осаменост во Берлин.

Сподели!
- Advertisement -