Белград е најзагадена европска престолнина

- Advertisement -

Белград денес е европска престолнина со најзагаден воздух. Како што покажуваат мерењата во реално време, во Белград во 11 часот претпладне загаденоста на воздухот изнесувала 182 микрограми суспендирани честички по кубен метар воздух.

Единствениот позагаден град во Европа е италијанскиот град Бреша, каде што се измерени енормни 615 микреограми честички по кубен метар. Степенот на загадување кој е регистриран во Белград спаѓа во нездравите, што значи дека сите жители на Белград може да почувствуваат здравствени тегоби, додека кај чувствителните личности може да предизвикаат и сериозни здравствени симптоми.

- Advertisement -

Во истата зона на нездрав воздух се наоѓаат уште вкупно осум градови во цела Европа, во кои се забележува загаденост од 152 до 170 микрограми по кубен метар, меѓу кои се Зеница, Софија, по еден град во Австрија и Украина, како и четири градови во Полска.

Интересно е дека загаденоста на воздухот во Белград е висока иако температурата на возсдухот е прилично висока и не почнало греењето. Високата концентрација на суспендирани честички во воздухот може да биде последица на греењето со печки, работата на моторите во автомобилите и на фабриките.

- Advertisement -

Суспендираните честички се состојат од чад, саѓи, прашина, соли, киселина и метали. Просечната вредност не би требало да надминува 50 микрограми по кубен метар.etru.

Сподели!
- Advertisement -