Германски „Герешајмер“ денеска почна да гради фабрика во Бунарџик

- Advertisement -

Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика.

Ова е прва фабрика на реномираната германска компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со Србија и Романија.

- Advertisement -

Посочи дека првите проценки на компанијата се дека ќе бидат отворени околу 400 работни места, а компанијата отвора можност за дополнителен развој на нивната инвестиција и за нивно проширување.

Компанијата работи за најголемите фармацевтски компании. Производите кои тука ќе се произведуваат ќе завршат на пазарот низ целиот свет. Ова ќе биде прва фабрика во Југоисточна Европа и ќе се отворат нови 400 работни места.

- Advertisement -

Извршниот директор на „Герешајмер“ Дитмар Зимсен рече дека нивната компанија работи за здравствениот сектор и работат на производи што го подобруваат квалитетот на животот на луѓето, и оти нивните производи се од висок квалитет.

– Нема компромис за квалитетот на нашите производи. Оттука и вештините на луѓето кои ги вработуваме мора да бидат од високо ниво. Се одлучивме да инвестираме во Скопје бидејќи веруваме дека имаме пристап до луѓе со вистински вештини – техничари, инженери, се надевам дека на крајот на годината или на почетокот на следната ќе ги видиме и првите машини овде, дека оттука ќе излезат добри производи со висок квалитет што на крајот ќе бидат испорачани до крајните корисници, рече тој.

- Advertisement -

Посочи дека планираат да почнат со уреди, со машини со продукти кои ќе бидат поддршка на испораката на амбалажа за пакување на лекови.

– Тоа се високо автоматизирани производсвтени линии што ќе бидат инсталирани овде, но како што веќе спомнав зошто се одлучивме за ова парче земја, а тоа е дека во Скопје и Северна Македонија јасно гледам можности за постигнување на нашите цели да вработиме луѓе со висока мотивација. Ја ценам поддршката што ја добивме од Владата, рече Зимсен.

Потпретседателот за глобални операции, квалитет и набавки Оливер Бургел рече дека биле импресионирани од локацијата за изградба на нивната фабрика и се заблагодари на Владата за заложбите и поддршката за оваа нивна инвестиција.

– Сите ветувања кои беа дадени од нивна страна, беа и одржани. Она што го гледаме сега во една куса временска рамка е за поздравување. Се надевам дека многу скоро ќе имаме и производство, веќе од следната година, рече Бургел.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека со овој отворен пристап на Владата кон странските инвеститори ќе се создадат повеќе работни места, а со тоа ќе се работи и на зголемување на платите. Истакна дека Владата заедно со Министерството за економија ќе бидат десна рака на странските инвеститори, со што тие ќе ја чувствуваат Северна Македонија како своја земја.

Инвестицијата ќе се реализира во повеќе фази, а во план е да бидат отворени 400 нови работни места. Ова е втора инвестиција по потпишувањето на Протоколот за членство на земјава во НАТО.

Сподели!
- Advertisement -