Сладоледот Lino Lada на Ledo е прогласен за најдобар сладолед во светот од страна на конзорциумот International Ice Cream. Натпреварот се одржа во Шведска, каде што производите на Ledo уште еднаш се истакнаа со својата креативност, идејноста и технологијата на производство. Експертите ги одушеви уникатниот облик на сладоледот Lino Lada и иновативниот мек прелив, меѓутоа она што пресуди ова да стане најдобриот сладолед во светот е чувството дека јадете Lino Lada намаз, кој успешно е пренесен во сладоледот.
Сладоледот настана во соработка со Podravkа и беше лансиран на пазарот во април годинава. Првите залихи тогаш беа распродадени за само неколку дена, па овој сладолед стана најбаран десерт. Сладоледот Lino Lada duo е комбинација од фин крем од лешник и млечен крем, а е направен од мек прелив од нугат и млечна чоколада, а претставува иновација на пазарот за сладоледи. Изгледот на сладоледот во облик на стакленик што дополнително го збогатува искуството дека јадете ледена варијанта на омилениот крем за мачкање.
„Бидејќи Lino Lada со широлата палета на вкусови стана омилен бренд на крем намази, се покажа потреба за ширење на тој уникатен вкус и на други производи од сродни категории како што е сладоледот. Токму иновативноста и надглрадбата на перјаниците на Podravkа се основата на која го гради својот успех. Посебно не радува кога соработуваме со партнери. Така, Podravka го иницираше развојот на садоледото Lino Lada, а идеален партнер за соработка беше Ledo, водечкиот производител на сладоледи на пазарот во Хрватска благодарение на својата кративност, идеите и технологијата. Со оваа соработка уникатниот вкус на и доживувањето со Lino Lada намазот е пренесено во ледено искуство кое ги одушеви потрошувачите од целиот свет и светските експерти“ велат од Подравка.
„Многу сме горди на оваа награда и со признанието сладоледот на Ledo е прогласен за најдобар во светот од светски експерти, односно глобални независни проиводители на сладолед. Голема е честа да се биде најдобар во светот, но и обврска и во иднина да ги производуваме најквалитетните сладоледи кои на глобално ниво предводат со своите решенија, иновации и со креативноста“ велат од Ledо.