Скопје паметен град – дигитални решенија за соочување со предизвиците

- Advertisement -

Паметните градови полека, но сигурно, стануваат дел од нашето секојдневие: оптимизирањето на ресурсите, поголемата безбедност, подобра градска инфраструктура,.. се неминовни решенија за подобар квалитет на животот и зачувување на животната средина.

- Advertisement -

Нашиот главен град постојано расте и се соочува со истите предизвици што се поставуваат пред сите големи градови во светот, како што се потребата за ефикасно управување со отпад, подобра инфраструктура, намалување на загадувањето.

Дали и кога Скопје може да стане паметен град? И покрај тоа што не очекуваме сè да се случи преку ноќ, од нешто треба да се почне.

- Advertisement -

Во нашата земја, компании како Македонски Телеком веќе имаат конкретни решенија како што се: паметно мерење вода и струја, паметно осветлување, паметен паркинг… Овие дигитални решенија се следниот чекор кон целосна трансформација на Скопје во паметен град.

На пример, решението паметно улично осветлување веќе се применува во Копенхаген и Чикаго, каде што обичните улични светилки беа заменети со LED светилки, а беше воведен и Cloud систем за контрола и управување со уличното осветлување. Сензорите овозможија светлата автоматски да се активираат кога ќе забележат движење, што придонесе за помал број сообраќајни несреќи и криминални активности, како и заштеда на енергија, затоа што светлата се гасат кога нема движење. Паметното осветлување на овие градови им донесе помала потрошувачка, поеколошка средина, а придонесе и за зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

- Advertisement -

Друг пример е дигитализирањето на управувањето со отпад, решение кое им помогна на многу градови во светот подобро да ги организираат собирањето и исфрлањето отпад, преку дигитални решенија како паметни корпи, кои му покажуваат на корисникот колку е полн садот за отпад, каква е температурата во него, колкава е неговата вкупна тежина и слично. Ваквите решенија креираат услови за поздрава животна средина, ги прават градските управувања полесни и поекономични и го унапредуваат урбаното живеење.

Доколку постепено се воведуваат вакви дигитални решенија, за брзо време голем дел од предизвиците со кои се соочува нашиот главен град ќе станат минато.

Сподели!
- Advertisement -